Трамп и кралот на Саудиска Арабија го потврдија одбранбеното партнерство

Американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот крал Салман го „потврдија силното одбранбено партнерство на САД и Саудиска Арабија", соопшти Белата куќа, во услови на тензии околу саудиското производство на нафта.

Телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери дојде еден ден по неколкуте извештаи дека Соединетите Држави планираат да повлечат два противракетни системи Патриот од Саудиска Арабија, поставени за одбрана против Иран.

Во април, Трамп ја убеди Саудиска Арабија да го намали производството на нафта откако се зголеми на почетокот на пандемијата на коронавирусот, ставајќи голем притисок врз американскиот енергетски сектор.

„Двајцата лидери се согласија околу важноста на стабилноста на глобалните пазари на нафта и го потврдија силното американско-саудиско партнерство во одбраната“, соопшти портпаролот на Белата куќа Џад Дир, додавајќи дека Трамп и Салман разговарале и за други клучни регионални и билатерални прашања, но без да се спомене судбината на Патриот.

Трамп на почетокот на минатиот месец му порача на саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман дека нема да може да ги спречи американските законодавци да изгласаат закон за повлекување на трупите од Саудиска Арабија ако ОПЕК не го намали производството на нафта, пишуваше Ројтерс. Десет дена подоцна, ОПЕК се согласи да го намали производството за 10 проценти.

Саудиска Арабија во соопштението за разговорот меѓу двајцата лидери, објави дека САД се посветени на заштитата на своите интереси и безбедноста на сојузниците во регионот и дека се решени да се соочат со оние кои ја дестабилизираат.

Трамп ја потврди американската поддршка за иницијативата за изнаоѓање политичко решение за кризата во Јемен, соопшти Ријад.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе