По историската средба

Трамп и Ким го покажаа документот, еве што пишува (ФОТО+ВИДЕО)

По историскиот самит во Сингапур, американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја потпишаа декларација. Таа има четири точки и еве што пишува во нив.

Иако Доналд Трамп и Ким Џонг Ун не објавија веднаш што стои во потпишаната декларација, таа потоа им беше претставена на новинарите. Декларацијата содржи четири клучни точки.

1. САД и Северна Кореја се обврзаа да воспостават нови односи меѓу двете земји во согласност со желбите на народите на двете земји за мир и просперитет.

2. Соединетите Држави и Северна Кореја ќе работат заедно за да изградат траен и стабилен мир на Корејскиот Полуостров.

3. Во согласност со декларацијата од Панмунјом потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува да работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

4. Соединетите Држави и Северна Кореја се обврзаа на враќање на воените затвореници и оние што исчезнале во борбите, вклучувајќи го и враќањето на оние што веќе се идентификувани во своите земји.

По потпишувањето, Трамп беше запрашан дали Ким се согласил на денуклеаризација. „Овој процес го почнуваме брзо, многу, многу брзо. Апсолутно“, рече американскиот претседател.

Според него, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му кажал дека Северна Кореја уништува голем полигон за тестирање ракетни мотори.

Си-ен-ен наведува дека оваа обврска на Ким не е вклучена во заедничката декларација на двајцата водачи, но Трамп даде објаснување за тоа. „За тоа се договоривме по потпишувањето на договорот“, рече тој.

Трамп изјави дека Ким, со потпишувањето на договорот, повторно ја потврдил „својата непоколеблива посветеност на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров“ и истакна дека Ким „сака да го стори тоа“.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе