Кандидатите на претседателските избори во САД

Трамп и Бајден претставија спротивставени визии (ВИДЕО)

Кандидатите на претседателските избори во САД Доналд Трамп и Џо Бајден покажаа дијаметрално спротивставени стилови и длабоко несогласување околу управувањето со епидемијата на коронавирусот, во симултаните интервјуа синоќа на два различни телевизиски канали.

EPA-EFE

Двајцата претседателски кандидати зборуваа истовремено на мрежите Ен-би-си и Еј-би-си, од Флорида и Пенсилванија. Тоа се две клучни американски држави за изборите во кои Трамп победи во 2016, но каде сега изгледа дека Бајден е во можност да му ја одземе победата.

„Ние сме во ситуација во која имаме над 210.000 умрени, и што прави тој? Ништо“, кажа на телевизијата Еј-би-си Бајден, претседателскиот кандидат на демократите, претставувајќи се себеси како лице што ја обединува поделената Америка.

На телевизијата Ен-би-си, сегашниот жител на Белата куќа, кој се кандидира за втор мандат, кажа дека е направена „фантастична работа и дека вакцините и третманите пристигнуваат“.

Напнат и агресивен, ужаснувајќи се на прашањата кои му беа поставувани во студиото, особено за тоа зошто толку ретко носи маска, Доналд Трамп одби какво било признавање вина.

„Јас сум претседателот, јас треба да се гледам со луѓето... не можам да бидам затворен во некоја прекрасна просторија во Белата куќа“, кажа тој иронично.

Републиканскиот претседател одби експлицитно да го осуди движењето на теоријата на заговор Канон, истакнувајќи дека не знае ништо за тоа и дека се сложува со нивните ставови „против педофилијата“.

Контрастот со неговиот демократски соперник беше огромен. Бајден води во анкетите и одговараше на прашањата од публиката со забележливо помирен тон.

Кога заврши програмата, Бајден остана уште околу 30 минути на бината за да одговара без микрофон на прашања на гледачите, знаејќи сигурно дека сликата ќе биде пренесена преку телевизијата.

„Треба да се слушаат другите“, му кажа Бајден на гласачот кој го праша како тој планира да ги врати „љубезноста и честа“ во американската политика.

„Она што прво ќе го направам ако бидам избран за претседател, и не се шегувам, е да ги повикам републиканците“, кажа тој, потсетувајќи на тоа како дејствувал кога бил сенатор повеќе од 35 години, кога важел за човек способен да ги надмине партиските поделби.

Зборувајќи за расизмот Бајден се обиде да се претстави како спротивен на Доналд Трамп, обвинувајќи го дека ги заострува тензиите меѓу Американците.

„Ако јас бидам избран за претседател нема да ме слушнете да делам, ќе се трудам да обединувам“, кажа Бајден.

Гледаноста на двата телевизиски настапи пред публика во живо ќе биде внимателно мерена и споредувана.

Неколку часа пред излегувањето на сцената Трамп го даде тонот на своето обраќање.

„Би сакал да можам да го гледам и да видам дали може да издржи до крај“, кажа 74-годишниот Трамп за својот 77-годишен соперник кого го нарекува „Слипи Џо“ (Поспаниот Џо).

Анкетите се загрижувачки за Трамп во оваа кампања во која веќе на предвременото гласање гласаа 17,5 милиони Американци.

Бајден, поранешниот потпретседател на САД во времето на Барак Обама, води за десет процентни поени во просек на национално ниво според анкетите за изборите на 3 ноември. Исто така, иако со помала разлика, води во клучните држави кои ќе го одлучат победникот на изборите.

Коронавирусот повторно влијаеше врз кампањата. Во редовите на тимот на Бајден, неговата кандидатка за потпретседателка Камала Харис беше во изолација откако некој во нејзиниот тим бил позитивно тестиран на вирусот.

Трамп кој оздраве од ковид-19, вели дека „стекнал имунитет“ и ја зајакна својата предизборна кампања од понеделникот, опкружен секоја вечер со илјадници поддржувачи во клучните држави.

Трамп минатата недела одби да учествува во втора дебата со Бајден, која требаше да се одржи вчера, затоа што организаторите објавија дека ќе биде виртуелна во случај тој да е сѐ уште заразен. Бајден одби да го одложи датумот на вториот дуел како што предлагаше штабот на Трамп.

Третата дебата сепак се планира за 22 октомври во Нешвил во државата Тенеси. Демократскиот кандидат кажа синоќа дека би сакал Трамп да се тестира пред новиот дуел од пристојност, но додаде дека ќе ги следи советите на независните организатори на дебатата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе