Трамп: Гувернерите мора да ги отворат верските заедници. Во Америка ни треба повеќе молитва (ВИДЕО)

Доналд Трамп одржа нова прес-конференција во Белата куќа, овој пат се фокусираше на отворањето на верските заедници. Тој ги повика гувернерите да го сторат тоа што е можно поскоро.

Фото: ЕПА

„Некои гувернери сметаат дека продавниците за алкохол и клиниките за абортус се неопходни, додека ги изоставија црквите и другите верски заедници", им рече претседателот на новинарите во петокот во Белата куќа. „Не е во ред. Затоа, ја коригирам оваа неправда и ги одредувам верските заедници за неопходни".

„Верските водачи ќе обезбедат нивните институции да се безбедни. Ги познавам добро, тие ги сакаат своите луѓе и не сакаат нешто лошо да им се случи“, додаде Трамп.

„Гувернерите треба да ја направат вистинската работа и да овозможат овие многу важни неопходни верски места да се отворат во моментов. Овој викенд. Ако не го сторат тоа, ќе ја поништам нивната одлука. Во Америка ни треба повеќе молитва, а не помалку“, рече Трамп.

По двоминутната изјава, претседателот ја напушти прес-конференцијата без да одговара на прашања.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе