Трамп го заврши првиот дел од систематскиот преглед, вели сè е во ред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е во „многу добра“ здравствена состојба по завршувањето на првата фаза од годишниот систематски преглед.

Трамп на Твитер објави дека ја завршил првата фаза од прегледот во Националниот воен медицински центар Вoлтер Рид во Вашингтон.

„Сè e многу добро (одлично!). Ќе го завршам прегледот следната година“, објави тој.

Белата куќа објави дека извршил брз медицински преглед и некои лабораториски тестови. Детали не се објавени.

Трамп се сретна и со лекарите во болницата и им се заблагодари за грижата на ранетите американски војници и со семејствата на војниците на специјалните сили повредени во Авганистан.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе