Трамп го укинува признавањето на трансродовите лица?

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира наскоро да го дефинира сексуалниот идентитет според половите органи кои личноста ги има при раѓањето, јавува Њујорк тајмс, што би можело да оневозможи трансродовите лица да бидат официјално признаени како такви.

Американското министерство за здравство во интерен документ до кој успеал да дојде весникот, предлага утврдување на правната дефиниција на половиот идентитет.

„Полот го одредува статусот на поединецот како машко или женско, според непроменливите биолошки особини кои можат да се дефинираат по раѓањето или пред него“, пишува министерството во предлог дефиницијата, пренесува Њујорк тајмс.

„Полот кој е наведен во изводот на родените мора да претставува дефинитивен доказ за полот на лицето, освен ако не го побијат сигурни генетски докази“, се додава во текстот.

Од доаѓањето во Белата куќа во јануари 2017 Доналд Трамп промени неколку мерки за заштита на трансродовите лица и ЛГБТ заедницата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе