Трамп го тужи Си-ен-ен за клевета, бара 475 милиони долари отштета

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја тужеше медиумската куќа Си-ен-ен за клевета, барајќи 475 милиони долари отштета. Трамп во својата тужба поднесена во Форт Лодердејл на Флорида тврди дека Си-ен-ен го искористил своето значително влијание за неговиот политички пораз. Медиумската куќа сè уште не ја коментирала тужбата.

EPA-EFE

Поранешниот претседател на САД на 29 страници пишува како Си-ен-ен долго го критикувал, но дека ги засилил критиките во изминатите месеци бидејќи повторно планира да се кандидира на изборите во 2024 година. Во документот се наведуваат примери каде Си-ен-ен го споредува Трамп со Адолф Хитлер, вклучувајќи прилог од јануари 2022 на Фарид Закари, во кој има снимки од нацистичкиот лидер.

Трамп, кој во 2020 година изгуби од актуелниот претседател Џо Бајден, уште официјално не ја најавил својата повторна кандидатура, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе