Според Белата куќа

Трамп го префрлаат во воена болница, примил експериментален коктел од антитела (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, на кој му беше потврдена зараза со коронавирусот, со часови има покачена  температура, кажал извор за Си-ен-ен.

EPA-EFE

Изворот кажал дека треската останува во рамки на претходниот опис на „благи симптоми“ на Белата куќа.

Тоа е додаток на новите информации кои ги објави лекарот на Белата куќа, а кој кажа дека Трамп чувствува замор.

Според извештајот од Белата куќа, Трамп ќе биде префрлен во национална воена болница. Се истакнува дека тоа е мерка на претпазливост.

На Трамп му бил даден коктел антитела кој е во фаза на клинички тестирања, но сѐ уште не е официјално одобрен.

Станува збор за експериментален третман со синтетички антитела за ковид-19, изјави докторот на Трамп, Шон Конли, додаваќи дека американскиот претседател, иако уморен, е со добро расположение.

„Го проценува тим експерти и заедно ќе им дадеме препораки на претседателот и првата дама во врска со следните најдобри чекори“, кажа Конли.

Трамп има 74 години, висок притисок и влегува во групата на дебели луѓе, што го става во критичната група.

Трамп на Твитер утринава објави дека е позитивен на коронавирусот, што предизвика лавина реакции во целиот свет. Позитивна е и првата дама на САД Меланија Трамп.

Белата куќа соопшти дека двајцата имаат благи симптоми, што потоа беше сменето во „многу умерени“ симптоми.

Противканддатот на Трамп, демократот Џо Бајден, нема коронавирус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе