Додека се зголемува предноста на неговиот конкурент

Трамп го предупреди Бајден да не се прогласува за победник

Џо Бајден најави дека вечерва планира да ѝ се обрати на нацијата, објавија неколку американски медиумски мрежи, а некои извори сугерираат дека тоа зависи од неговата состојба на табелите во даденото време. Во меѓувреме предноста на Бајден сѐ повеќе расте во Џорџија, Невада и Пенсилванија.

Фото: ЕПА

Актуелниот претседател Доналд Трамп по тоа се огласи на Твитер и го предупреди својот противкандидат да не прогласува победа. „И јас можам да го сторам тоа“, напиша Трамп.

„Џо Бајден не треба бесправно да си ја присвојува функцијата претседател. И јас можам да го сторам тоа. Допрва почнуваат правните постапки!“, напиша Трамп на Твитер.

Всушност, Трамп досега веќе двапати рече дека победил на изборите, иако сè уште не се доброени гласовите, а Бајден е во водство и на пат да стане следниот американски претседател, вели Би-би-си.

Тимот на Трамп покрена неколку правни постапки - барајќи дури и да се запре броењето на гласовите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе