Трамп го потврди нуклеарниот договор со Иран и порача дека тоа го прави последен пат

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека последен пат ќе го потврди нуклеарниот договор со Иран, и најави дека САД ќе излезат од него ако не дојде до промени, соопшти Белата куќа.

Оваа одлука на Трамп ги одложува санкциите насочени против Иран на период од 120 дена, јавува Би-би-си.

Белата куќа сака државите потписнички од земјите на Европската Унија трајно да го ограничат производството на збогатен ураниум, што според актуелната верзија на договорот е забрането до 2025 година.

Трамп кажа и дека сака да се реши проблемот со иранската балистичка програма.

„Ова е последен пат тој да го одобри договорот, а да нема договор“, изјави висок функционер на Белата куќа.

Трамп претходно упати бројни критики на договорот кој помогна во ставањето крај на долгогодишната криза.

Трамп не беше задоволен од конечното откажување од санкциите над блискоисточната држава која ја смета за сѐ поголема закана, а со која договорот беше постигнат за време на администрацијата на Барак Обама.

Иако американскиот претседател одобри невоведување санкции, американското министерство за финансии воведе нови, фокусирани санкции против 14 ирански поединци и ентитети.

Трамп лично смета дека САД поради договорот со Иран изгледаат слаби, откри анонимен американски функционер за Би-би-си, но аргументот за останување на договорот е дека ќе се даде повеќе време за усложнување на условите за преговори.

Доколку САД се повлечат од договорот, со тоа би завршило ограничувањето на иранската нуклеарна програма. Освен Вашингтон, договорот го потпишаа Кина, Франција, Русија, Велика Британија, Германија и ЕУ, а другите земји најверојатно не би им се придружиле на САД во повлекувањето од договорот. Иран тврди дека ќе го поништи ако Вашингтон излезе од него.

Британија, Франција и Германија вчера побараа од Трамп да продолжи да го почитува договорот.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе