Генералот што го лажеше ФБИ

Трамп го помилува бившиот советник за национална безбедност Флин

Претседателот Трамп го помилува својот поранешен висок советник за безбедност Мајкл Флин, кој се изјасни како виновен дека го лажел ФБИ.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде целосно помилување за својот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој беше предмет на федерална истрага за тврдењата за „дослух“ меѓу Трамп и Русија.

„Ми претставува огромна чест да соопштам дека генералот Мајкл Т. Флин доби целосно помилување“, напиша Трамп вечерва на Твитер.

„Честитки за Флин и за неговото прекрасно семејство, знам дека сега ќе имате навистина фантастичен Ден на благодарноста!“

Флин во 2017 година призна дека го лажел ФБИ околу прашањето за неговите руски контакти.

Тајните преговори на Флин со рускиот амбасадор во Вашингтон во декември 2016 пред инаугурацијата на Трамп беа основа за темелна истрага на специјалниот советник Роберт Малер во мешањето на Москва во американските избори една година претходно.

Трамп го отпушти Флин само 22 дена откако дојде на власт.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе