Трамп го покани Путин во Белата куќа есенва

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани својот руски колега Владимир Путин да го посети Вашингтон „есенва“, а за посетата веќе се разговара, соопшти Белата куќа.

Вчера Трамп на Твитер напиша дека едвај ја чека наредната средба со Путин, за да можат да почнат да спроведуваат „некои од многуте нешта за кои беше дискутирано, како запирањето на тероризмот, безбедноста на Израел, нуклеарното ограничување, сајбер-нападите, трговијата, Украина, мирот на Блискиот Исток, Северна Кореја и други.“

„Постојат многу одговори, некои лесни, а некои тешки, на овие проблеми... но СИТЕ тие може да бидат решени", додаде американскиот претседател.

Во интервју за Си-ен-би-си Трамп го нарече својот претходник Барак Обама „тотална п**ка“ и тврдеше дека тој е најстрогиот американски претседател кон Русија досега.

„Согласувањето со претседателот Путин, согласувањето со Русија е позитивно, а не негативно. Со оглед на тоа, ако тоа не успее, јас ќе бидам најголемиот непријател што тој некогаш го имал - најлошиот што го имал“, вели Трамп во еден дел објавен од Си-ен-би-си во четвртокот.

Неколку часа пред да биде соопштено за поканата, Сенатот едногласно изгласа „да се одбие да се овозможи секој актуелен или поранешен дипломат, државен службеник, политички назначен функционер, полициски службеник или член на оружените сили на САД да биде испрашуван од владата или од Владимир Путин.“

Необврзувачката резолуција беше одговор на понудата на Путин во Хелсинки, американски и руски официјални претставници да ги испрашуваат осомничените според договорот од 1999 година, заради соработка во спроведувањето на законот.

Путин досега ги има седум пати посетено САД, почнувајќи од Милениумскиот самит на ОН во септември 20000. Неговата најнова посета беше во септември 2015 година, според Стејт департментот, каде што се сретна со тогашниот претседател Барак Обама, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе