Трамп го пофали конгресменот на Монтана кој сруши новинар на земја (АУДИО)

Претседателот Доналд Трамп го пофали републиканскиот конгресмен кој минатата година сруши новинар на земја, нарекувајќи го „цврсто колаче“, додавајќи дека тоа можеби му помогнало да победи на изборите во Монтана.

На митинг на кампањата во Мизула во четврток, Трамп го пофали републиканецот Грег Џианфорте, кој се изјасни за виновен за прекршочен напад кога го нападна новинарот Бен Џејкобс од Гардијан. Нападот се случил еден ден пред Џианфорте да победи на изборите во 2017 година за да остане на позицијата во преостанатите 18 месеци на местото што го напуштил сегашниот секретар за внатрешни работи Рајан Зинке.

„Секој човек што ќе сруши друг на под - е мој тип на човек“, рече Трамп пред толпата. „Тој е одличен човек, ‘цврсто колаче’“, пренесе АП.

Неговите пофалби за Џианфорте се при меѓународниот протест за очигледниот атентат на колумнистот на Вашингтон пост, на кого, според турскиот весник Јени Сафак, наводно, му биле отсечени прстите и бил обезглавен во саудискиот конзулат во Истанбул пред две недели.

Во случајот на Џианфорте, според сведоци, меѓу кои и екипата на Фокс Њуз, рекоа дека Џианфорте се разбеснил поради она што тој го сметал за пристрасно информирање пред да го сруши Џејкобс на земја и да го удира. Гардијан тогаш објави аудио снимка од нападот.

„И реков, оф, страшно, ќе изгуби на изборите“. Се присети Трамп. „А потоа реков, почекајте малку. Добро ја познавам Монтана. Мислам дека би можело да му помогне. И му помогна“ рече Трамп.

Трамп е на турнеја која вклучува посета на три држави во западниот дел на земјата, при што ги поддржува републиканските кандидати кои се натпреваруваат на изборите во ноември, во надеж дека ќе ја задржат контролата врз американскиот Сенат и Претставничкиот дом во рацете на републиканците.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе