„Со целото срце сме со најстариот сојузник“

Трамп го осуди терористичкиот напад во Франција: Тие напади мора веднаш да прекинат

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изрази солидарност со Франција по нападот во Ница и предупреди на неприфатливите „терористички напади“.

EPA-EFE

„Со целото срце сме со Французите. Америка е со нашиот најстар сојузник во борбата“, напиша Трамп на Твитер.

„Тие терористички напади на радикалните исламисти мора веднаш да прекинат“, додаде. „Ниту една земја, било Франција или некоја друга, не може повеќе да ги толерира“.

Во нападот утринава во црква во Ница, на југоистокот на Франција, со нож беа убиени три лица.

Напаѓачот е 21-годишен Тунижанец кој неодамна стигнал од Лампедуза, според полициски извори, а во текот на нападот извикувал „Алаху акбар“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе