Трамп го одржа прошталниот говор: „Движењето кое го основавме е само почетокот“ (ВИДЕО)

Белата куќа го објави прошталниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред денешната инаугурација на Џо Бајден.

EPA-EFE

Трамповиот проштален говор, снимен во Белата куќа, трае нешто помалку од 20 минути.

„Оваа недела ја инаугурираме новата администрација и се молиме за нејзин успех, да ја одржи Америка безбедна и успешна“, кажа тој и додаде: „Им посакуваме и да имаат среќа“.

Иако станува збор за редок гест на добра волја кон неговиот наследник, Трамп во видеото ниеднаш не го спомнува Бајден.

„Го направивме она што дојдовме да го направиме – и многу повеќе од тоа. Се борев во тешки битки, најтешките битки и носев најтешки одлуки, бидејќи тоа е она за што ме избравте“, им порача Трамп на Американците.

Истакна дека „најголемата опасност која сега ѝ се заканува на Америка е губењето на верата во големината на нацијата“.

Во говорот наброја сè што неговата администрација направи во изминатите четири години, од „спротивставувањето на Кина на начин на кој никој претходно тоа не го направил“ па сè до „серијата историски мировни договори на Блискиот Исток“.

„Светот повторно нè почитува, ве молам немојте да ја изгубите таа почит“, кажа Трамп.

„Особено сум горд на тоа што сум првиот претседател во повеќе децении кој не почна ниедна нова војна“, кажа Трамп.

Го спомна и неодамнешниот упад на своите поддржувачи во зградата на Конгресот.

„Сите Американци се згрозени од нападот на Капитол... Тоа не можеме да го толерираме“, кажа.

Особено е интересна пораката која ја испрати на крајот на говорот: „Сакам да знаете дека движењето кое го основавме е само почетокот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе