Трамп го одликуваше Конан, кучето што учествуваше во операцијата против Ал Багдади (ФОТО+ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа го одликуваше кучето Конан, припадникот на специјалните сили на американската војска и херојот на операцијата против првиот човек на џихадистичката група Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.

Белгискиот овчар Конан пристигна во Вашингтон од Блискиот Исток и од рацете на Трамп доби медал и плакета, пренесува Си-ен-ен.

На свеченоста за учесниците на операцијата присуствуваа и Трамповата сопруга Меланија и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Трамп го нарече Конан „тврд орев“ и објасни дека „Конан беше многу тешко повреден“ и дека мислеле дека можеби нема да заздрави. Но, како што истакна Трамп, тој се опорави многу брзо и од тогаш учествувал во други многу важни напади.

Тој истакна и дека Конан нема да оди во пензија и дека сега е на „врвот“ на своите зрели години.

Трамп во белата куќа ги одликуваше сите учесници во операцијата против Ал Багдади, но нивниот идентитет не е откриен ниту им се снимени лицата и Конан на тој настан беше симболичен претставник.

„Конан одработи фантастична работа. Почестени сме што е денес со нас“, кажа Трамп.

Конан беше повреден додека го бркал Ал Багдади во тунел во кој песот бил испратен бидејќи се стравувало дека Багдади носи елек со експлозив. Багдади навистина носел самоубиствен елек и го детонирал во тунелот, при што се убил себеси и три деца.

Тунелот се урнал при експлозијата, а Трамп навести дека во операцијата ушествувале и други кучиња бидејќи кажа дка Багдади „стигнал до крајот на тунелот додека нашите кучиња го бркале“.

Песот Конан е дел од специјалните сили Делта кои ја изведоа операцијата и неговото име претходно беше тајно, но Трамп на Твитер ги објави името Конан и снимка од песот по нападот.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе