Трамп го обвини Си-ен-ен дека пренесува лажни вести: „Фатени се на дело“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше националните телевизиски канали, обвинувајќи го конкретно Си-ен-ен за „перфиден“ напад врз него во репортажа која се покажала како неточна.

Во утринска низа постови на Твитер, Трамп објави: „Си-ен-ен + лажни вести + вчера направи перфидна и намерна грешка“.

„Фатени се на дело, како и многу изолираниот Брајан Рос од Еј-би-си њуз“, додаде американскиот претседател, спомнувајќи го новинарот суспендиран поради неточна информација.

Рос објави дека Трамп му наложил на својот советник Мајкл Флин да ја контактира Русија пред претседателските избори во ноември 2016, но тоа тој всушност го направил по изборите. Трамп смета дека поради тоа Рос треба да биде отпуштен.

Си-ен-ен во петокот наутро објави дека Трамп и неговиот најстар син Доналд Џуниор добиле имејл со електронска адреса и клуч за дешифрирање кој овоможува пристап до ханатите документи на Демократската партија и објавени на Викиликс, но пред да станат достапни на јавноста. Сепак, хронологијата се покажа како неточна. Си-ен-ен брзо објави исправка, прецизирајќи дека имејлот го носел датумот 14, а не 4 септември 2016, односно еден ден по објавувањето на документите од страна на Викиликс.

„Внимавајте дали Си-ен-ен ќе ги отпушти оние што се одговорни за тоа, или е тоа чиста неспособност“, коментираше Трамп.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе