Весникот објави дека САД ги зголемиле дигиталните упади во руската електрична мрежа

Трамп го обвини Њујорк тајмс за виртуелно предавство

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини весникот Њујорк тајмс за „виртуелен чин на предавство", бидејќи објави дека САД ги зголемиле дигиталните упади во руската електрична мрежа.

„Ви се верува дека неуспешниот Њујорк тајмс што туку смисли приказна дека САД значително ги зголемиле хакерските напади на Русија. Тоа е виртуелен чин на предавство од еднаш голем весник толку очаен за приказна, секаква приказна, дури и ако е лоша за нашата земја“, наведе Трамп на Твитер.

Со големи букви додаде дека тоа не е точно и дека новинарите на весникот се корумпирани и непријатели на народот.

Њујорк тајмс кој редовно објавува истражувачки статии кои не се во корист на Трамп, честопати е мета на излив на гнев на американскиот претседател врз медиумите.

Весникот во саботата објави дека владата на САД ги зголемила дигиталните упади на електричната мрежа и други цели во Русија за да ѝ испрати предупредување, под сомнение дека Москва истото му го прави на Вашингтон.

Според американски официјални лица, цитирани од весникот, Трамп не бил информиран за детали од таа операција.

Пентагон и разузнавачките агенции се двоумеле дали да го извесат Трамп стравувајќи од неговата реакција и можноста американскиот претседател тоа да го спомене пред некои странски официјални претставници, како за една деликатна операција во Сирија кога говорел пред некои руски официјални лица, напиша Њујорк тајмс.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе