Откако светските лидери го исмејуваа

Трамп го нарече Трудо „дволичен“, го откажа пресот и го напушти НАТО-самитот (ВИДЕО)

Доналд Трамп реагираше бесно на видеото на кое светските лидери очигледно го исмеваат: тој го нарече Џастин Трудо „дволичен“, потоа ја откажа планираната прес-конференција и ја скрати својата посета на самитот на НАТО.

Американскиот претседател беше запрашан дали го видел клипот во кој се чини дека неговите меѓународни колеги го исмеваат за неговата агресивна прес-конференција со Емануел Макрон.

„И гледаш како вилиците на неговиот тим паѓаат на под“, вели Трудо во видеото, наводно зборувајќи за Трамп.

„Е па, тој е дволичен“, рече Трамп за канадскиот премиер кога беше запрашан попладнево и посочи дека причина за невнимателните коментари била фрустрација од барањата на САД Канада повеќе да придонесува во НАТО.

Говорејќи заедно со Ангела Меркел, тој додаде: „Искрено, Трудо е фин човек, сметам дека е многу фин човек. Но знаете, вистината е дека јас го повикав поради фактот дека не плаќа 2 проценти и претпоставувам дека тој не е многу среќен поради тоа“.

Трамп продолжи: „Тој не плаќа 2 отсто, а треба да плаќа 2 отсто. Тоа е Канада, тие имаат пари и треба да плаќаат 2 проценти, затоа јас го прозвав и сигурен сум дека тој не беше среќен поради тоа, но тоа е тоа.“

„Видете, јас ги претставувам САД и тој треба да плати повеќе отколку што плаќа, и тој го знае тоа“.

Републиканецот рече дека по закажаната средба со данските лидери попладнево ќе се врати директно во Вашингтон. Шегувајќи се со еден новинар, тој рече: „Дали ќе разговараме за Гренланд? Што мислите вие? Добар виц“.

Но рече дека нема да ја одржи прес-конференцијата што беше закажана за попладнево, велејќи дека досега одржал доволно пресови.

НАТО имаше два „многу успешни“ дена, а лидерите ветија дека ќе придонесат повеќе пари за алијансата, инсистираше тој.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе