Трамп го нарече Макрон премиер

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да се потсмева на грешките на својот политички противник Џо Бајден, но во саботата направи свој пропуст со тоа што францускиот колега Емануел Макрон го деградираше во премиер.

Фото: ЕПА

Трамп го деградираше Макрон во премиер на предизборниот митинг во државата Мичиген, во рамки на својата предизборна кампања во последните три недели од претседателската трка, на кои заостанува зад Бајден според анкетите.

Трамп зборуваше за стариот трговски договор НАФТА со Канада и Мексико, кој го оцени за лош договор за Америка и инсистираше на повторно преговарање, кога го сврте вниманието кон Макрон и Парискиот климатски договор.

Трамп, кој ја доведува во прашање науката зад глобалното затоплување, ги извлече САД од тој значаен глобален договор во 2017 година, велејќи дека тој ја чини Америка работни места.

„Дали знаете од што друго се повлеков? Од Парискиот климатски договор“ рече Трамп.

„Навистина ми се допаѓа премиерот Макрон, многу. Но го прашав како напредува договорот. Не им оди толку добро“, рече републиканскиот кандидат.

„Ви заштедив милијарди долари, никој не би го сторил тоа. Реков, тоа е катастрофа, се на се, сакаа да ни го одземат нашето богатство“, додаде тој.

Американскиот претседател и неговиот француски колега воспоставија блиски односи по изборот на Макрон, но потоа значително се влошија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе