Трамп го напаѓа мртвиот сенатор Меккејн

Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од нападите врз сенаторот Џон Мекејн и по неговата смрт, изјавувајќи вчера дека „никогаш не го сакал“ републиканецот од Аризона.

Трамп во неделата објави твит со неколку невистини во кој го критикуваше Меккејн поради неговата улога во прибавувањето на досието кое наводно содржи негативни информации за него. Тој исто така лажно го обвини Меккејн дека бил „последен во својата класа“ на морнаричката академја, а зад Меккејн всушност имало уште четворица.

„Никогаш не сум бил обожавател на Џон Меккејн“, им кажа Трамп на новинарите синоќа во Овалната канцеларија. „И никогаш нема да бидам“.

Тој истакна дека е „многу несреќен“ за тоа што Меккејн гласал против републиканската мерка со која требало да се повлече Обамакер од здравствениот систем во 2010 година.

Трамповите напади врз починатиот сенатор го критикуваше неговата ќерка Меган Меккејн.

„Тој своите викенди ги минува обземен со големите луѓе, бидејќи – тоа го знае и тој, и јас, а и сите вие – тој никогаш нема да биде голем човек“, кажа таа за Еј-би-си.

„Мојот татко му беше криптонит во животот и му е криптонит и во смртта“, додаде ќерката на Меккејн, мислејќи на измислениот минерал кој му ја одзема моќта на Супермен.

Трамп го нападна Меккејн уште во 2015 година кога кажа дека е „воен херој само затоа што бил фатен“, алудирајќи на военото заробеништво на сенаторот во Виетнам.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе