Трамп го нападна Твитер, се закани со затворање на социјалните медиуми

Американскиот претседател, Доналд Трамп се закани со дополнително регулирање или затворање на социјалните медиуми, еден ден откако Твитер првпат ги предупреди корисниците да ги проверат фактите од некои негови твитови.

EPA-EFE/Yuri Gripas

Трамп, без да обезбеди докази, во неколку раноутрински постови ги повтори своите обвинувања за политичката пристрасност на технолошките платформи, велејќи: „Републиканците сметаат дека платформите на социјални медиуми целосно ги замолчуваат гласовите на конзервативците“.

„Остро ќе ги регулираме или ќе ги затвориме, пред да дозволиме тоа да се случи. Почнете чесно да се однесувато, веднаш!!!“, објави Трамп.

Претседателот, чија стратегија за реизбор беше исфрлена од колосек поради пандемијата на коронавирусот, исто така ги обвини платформите на социјалните мрежи за мешање во последните избори, велејќи „видовме што се обидоа да направат, и не успеаја, во 2016 година“.

Тој подоца преку твит се закани дека: „Ќе следи голема акција!“.

„Твитер покажа дека сè што зборувавме за нив (и нивните други компањони) е точно. Ќе следи голема акција!“

Твитер вчера за прв пат ги повика корисниците да ги проверат податоците во твитовите што ги објавува Трамп, предупредувајќи дека неговите тврдења во врска со дописното гласање се покажале невистинити.

Американскиот претседател веднаш му одговори на Твитер во твит, тврдејќи дека компанијата се меша во американските претседателски избори.

„Твитер целосно ја задушува слободата на говорот и јас, како претседател, нема да го дозволам тоа!“, напиша Трамп.

Со синиот извичник корисниците се предупредуваат да ги „проверуваат податоците за дописното гласање“ и се пренасочуваат на страницата со новински написи и информации што Твитеровиот тим за проверка на факти ги дознал за тврдењата на Трамп.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Yuri Gripas

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе