Трамп го нападна истражувачот Малер најжестоко досега

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го нападна поранешниот специјален истражувач Роберт Малер, велејќи дека е полн со конфликти, пренесуваат агенциите.

Трамп изјави дека Малер, кој ја водеше истрагата за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година „сакаше да биде директор на ФБИ, му реков НЕ“.

Говорејќи за новинарите пред Белата куќа пред да отпатува во Колорадо, исто така, рече дека тие двајцата имале „бизнис конфликт“. Не наведе детали.

Малер во средата повтори дека неговата истрага не го ослободила Трамп од вината за опструкција на правдата. Истакнати американски демократи поради тоа бараат отповикување на Трамп.

Запрашан за тоа дали очекува да биде сменет, претседателот рече дека отповикување е „валкан, прост, одвратен збор“. „Немаше кривично дело. Немаше престап“, рече Трамп.

За Малер рече дека е негов вистински противник, кој за него никогаш нема да гласа, и дека неговата истрага била „големо малтретирање“. „Мислам дека Малер е вистински противтрамповец“, рече тој.

Во своето прво јавно обраќање од почетокот на истрагата, во мај 2017 година, Малер во средата рече дека Министерството за правда изречно го спречиле во покренување обвинение против сегашниот претседател.

„Обвинение за кривично дело затоа не беше опција што можевме да ја разгледаме“, изјави Малер за новинарите и ја најави својата оставка во министерството.

Во објавената верзија на извештајот на Малер во април, во кој се констатира дека Русија повеќе пати се мешала во изборите во 2016 година, и дека изборната кампања на Доналд Трамп имала повеќепати контакти со руски официјални лица, но не се вклучила во криминален заговор со Москва со цел да ја освои Белата куќа.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе