Трамп гневен прекина прес-конференција: Прашајте ја Кина (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп нагло прекина конференција за новинарите откако на новинарка со азиско потекло на поставеното прашаање ѝ одговори да ја праша Кина.

Веија Јианг, дописничка на Си-би-ес њуз од Белата куќа, го праша Трамп зошто актуелната криза ја гледа како меѓународен натпревар, кога умреа повеќе од 80 илјади Американци.

„Можеби тоа е прашање кое би требало да ѝ го поставите на Кина“, ѝ одговори Трамп на новинарката родена во Кина, која во САД емигрирала кога имала две години.

„Не ме прашувајте мене, поставете ѝ го на Кина тоа прашање, во ред?“, кажа претседателот на САД.

Трамп се обиде да помине на прашања од други новинари, но Јианг се вмеша и праша зошто тој одговор ѝ го упатил конкретно на неа.

„Не му го кажувам тоа никому посебно, го кажувам тоа на кој било кој поставува гадно прашање“, кажа Трамп.

Потоа на ред дојде друг новинар, кој сакаше да постави две прашања, но претходно ѝ дозволи на Јианг да си ја одработи работата и не се одѕва на повикот на Трамп.

Меѓутоа, кога дојде до микрофонот, Трамп одби да одговори.

„Но покажавте на мене, ме повикавте“, кажа новинарот.

Трамп го потврди тоа, но не беше задоволен од задоцнетата реакција.

„Не одговоривте на повикот“, кажа претседателот на САД.

Новинарот истакна дека сакал да ѝ дозволи на колешката да доврши, а Трамп потоа нагло ја прекина прес-конференцијата.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе