Го одработи годишниот преглед

Трамп гневен поради гласините за неговото здравје (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп го изрази својот гнев денес поради шпекулациите околу неговата здравствена состојба по непланираната посета на воената болница во Вашингтон за време на викендот.

Седумдесет и тригодишниот американски претседател во саботата замина во болницата Волтер Рид за годишен преглед, според наводите на Белата куќа.

Таа посета која не беше најавена однапред и која следи само девет месеци по претходната иницираше низа прашања во јавноста.

Трамп на средбата со членовите на својата влада во Белата куќа се пожали денес дека сопругата го прашала кога се вратил од болницата дали е во ред, и дека се зборува дека имал проблеми со срцето.

„Бев таму кратко, рутински, обавив дел (од лекарските прегледи), остатокот ќе го обавам во јануари“, кажа рамп и почна да ги напаѓа медиумите.

„Тие луѓе се болни! Медиумите во оваа земја се опасни. Ние немаме слобода на печатот, овие денови го имаме спротивното. Имаме корумпирани медиуми и се надевам дека ќе се освестат бидејќи тоа е многу лошо и е многу опасно за нашата земја“, кажа тој.

Лекарот на Белата куќа доцна синоќа издаде соопштение во кое наведе дека и покрај одредени шпекулации Трамп не почувствувал болки во градите и дека не бил дијагностициран ниту лекуван за некои ургентни проблеми.

При Трамповиот претходен преглед во февруари докторот Шон Конли кажа дека неговиот славен пациент е во „многу добра здравствена состојба“.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе