Економска војна - фаза два

Трамп ги удвои царините на турскиот челик и алуминиум: „Односите не се добри“

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот рече дека одобрил повисоки тарифи за увоз од Турција, наметнувајќи царини од 20 отсто за алуминиум и 50 отсто за челик.

Тензиите меѓу двете НАТО сојузнички се зголемија откако Анкара го задржа во притвор американскиот пастор Ендрју Брансон.

„Го одобрив удвојувањето на тарифите за челик и алуминиум, бидејќи турската лира рапидно паѓа во однос на нашиот многу силен долар“, вели Трамп во твитот објавен утрово.

„Нашите односи со Турција не се добри“, вели Трамп во своето обраќање на социјалната мрежа.

Најавата на Трамп следи помалку од еден час откако турскиот претседател Ердоган им порача на Турците да помогнат во одбраната на земјата која е во економска војна. Ердоган го советуваше својот народ да ги разменат доларите и златото за турски лири за да ѝ помогнат на националната валута.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе