Трамп ги откажа преговорите со талибанците, навестувајќи „децениска војна“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа планираните преговори со авганистанските талибанци, објавувајќи ја веста вчера на својот профил на Твитер.

Трамп напиша дека тајните, одвоени средби со талибанските лидери и авганистанскиот претседател Ашраф Гани требало да бидат одржаво денес во Кемп Дејвид, но дека се откажани.

Американскиот претседател како причина го наведе тоа што талибанците признаа дека стојат зад нападот во Кабул во кој беше убиен еден американски војник, покрај 11 други луѓе.

„Веднаш ги откажав средбите и мировните преговори“, напиша Трамп.

„Какви се тие луѓе кои толку би убивале за навидум да ја зајакнат својата преговарачка позиција?“, се праша тој.

Во четвртокот во Кабул во напад со автомобил бомба во близина на седиштето на НАТО беа убиени двајца војници на Алијансата, Американец и Романец, а сѐ на сѐ загинаа 12 луѓе.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес потврди дека мировните преговори со авганистанските талибанци се мртви и дека Вашингтон нема да прифаќа какви било идни договори без „одредени гаранции“ од милитантите.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе