Трамп: „Фантастична работа“ на турнејата низ Азија

Доналд Трамп изјави дека завршил „навистина фантастична работа" на турнејата на петте нации во Азија, на која стекнал многубројни пријатели, која ненадејно ја заврши денес, прескокнувајќи го најголемиот дел од филипинскиот самит, пренесе АФП.

Американскиот претседател, кој го започна своето патување во Јапонија пред 12 дена, рече дека неговото патување напредуваше кон целта со намалувањето на трговскиот дефицит на Америка.

„Стекнав многу пријатели на највисоко ниво“, изјави Трамп за новинарите кратко време пред да се качи на Ер Форс-1 во Манила, додавајќи дека патувањето било „неверојатно успешно“.

„Мислам дека плодовите на нашиот труд ќе бидат неверојатни“, рече тој, предвидувајќи дека веќе откриените трговски договори вредни 300 милијарди долари „ќе се зголемат за четири пати многу брзо“ на над трилион долари.

Тој не понуди докази за оваа проценка.

„Беа навистина добри 12 дена“, рече тој. „Мислам завршивме навистина фантастична работа“.

Трамп замина од Филипините и не присуствуваше на годишниот самит на водачите од источна и југоисточна Азија поради одложувањето на состанокот.

Трамп за новинарите во авионот изјави дека ги пренел своите подготвени забелешки за време на ручекот со светските лидери во Манила, пренесе Ројтерс.

Според официјален претставник на Белата куќа, наместо Трамп на самитот ќе присуствува американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Состаноците во Манила беа одложени за околу еден час и половина.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе