„Време е сериозно да се разговара за трговски договор“

Трамп: Европа многу лошо се однесува кон нас

Време е „многу сериозно“ да се разговара за трговски договор со Европската Унија, оцени денес американскиот претседател Доналд Трамп, во време кога преговорите стојат во место.

Особено ги блокира прашањето со земјоделството.

„Европа многу лошо се однесува кон нас“, кажа Трамп пред гувернерите собрани во Белата куќа.

Републиканскиот претседател ги повика земјите членки на ЕУ да го отворат својот пазар за американските производи, особено земјоделските.

Тој го осуди „огромниот дефицит“ кој САД го имаат со Брисел во последните „10 или 12 години“ и „неверојатните царински бариери“.

Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најавија на крајот на јануари, по средбата во Давос во Швајцарија, желба повторно да ја поттикнат трансатлантската трговија и да склучат договор во следните недели.

Засега нема резултати од преговорите и односите на двете страни се напнати, а Трамп повторно се заканува со воведување царини на увозот на европски автомобили, од што особено стравуваат германските индустријалци.

Трамп денес кажа дека не го туркал прашањето со ЕУ затоа што бил сконцентриран на добивањето договор со Кина, Јапонија и Јужна Кореја и дека не сакал сѐ да прави во исто време.

Фон дер Лајен наскоро би требало да го посети Вашингтон, кога би можела да биде потпишана одредена политичка декларација како онаа која во јули 2018 Трамп ја потпиша со тогашниот претседател на ЕК Жан Клод Јункер.

Тие тогаш се договорија да преговараат за два договори, еден со кој требаше да се укинат царините на индустриската стока и друг за укинување на вонцаринските пречки за трговијата.

Преговорите за индустриската стока од тогаш не напредуваа бидејќи Американците сакаат да го вклучат земјоделството во договорот, на што Европејците се противат.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе