„Да сопрат бескрајните војни“

Трамп: Економски ќе ја уништиме Турција ако ги нападне Курдите

Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека економски ќе ја уништи Турција ако ги нападне Курдите за време на американското повлекување од Сирија. Тој оваа порака ја напиша на својот твитер профил.

„Почнува долготрајното повлекување од Сирија додека го напаѓаме малиот преостанат дел на територијалниот калифат на Исламска држава од повеќе правци. Повторно ќе ги нападнеме од постојните блиски бази доколку повторно се формираат. Економски ќе ја уништиме Турција доколку ги нападне Курдите. Направете безбедносна зона од 20 милји...“, напиша Трамп.

Претседателот на САД порача и дека треба да сопрат бескрајните војни.

„Исто така, не сакам Курдите да ја предизвикуваат Турција. Русија, Иран и Сирија ќе имаат најголем ќар од долгорочната американска политика на уништување на ИСИС во Сирија, природните непријатели. Исто така, и ние имаме корист, но сега е време да ги доведеме нашите трупи дома. Сопрете ги бескрајните војни!“, порача Трамп.

Коалицијата против Исламска држава, предводена од САД, го почна процесот на повлекување од Сирија, соопшти во петокот портпарол на коалицијата.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, објави дека повлекувањето почнало во четврток навечер. Во Сирија има околу 2.000 американски војници.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе