Трамп: Единствена причина зошто имаме повеќе од милион случаи е заради нашето тестирање

Соединетите Американски Држави вчера го надминаа бројот од милион случаи на коронавирус, а речиси 60.000 луѓе заболени од вирусот починале од почетокот на пандемијата.

САД се убедливо први по бројот на регистрирани случаи, бидејќи Шпанија го држи второто место во овие статистики со повеќе од 232.000 случаи.

Во САД, остро ѝ се префрла на администрацијата на Трамп, која досега тестирала 5,7 милиони луѓе во државата, или помалку од 2% од населението во САД. Трамп пред еден месец вети „дека секој на кој му треба тест за коронавирус ќе може да добие еден“, а вчера на прес-конференција истакна дека САД наскоро ќе бидат близу 5 милиони луѓе тестирани дневно.

Тој истакна дека САД имаат најдобро тестирање во светот, а дополнително ова го објасни на Твитер:

„Единствената причина зошто САД пријавиле милион случаи на коронавирус е затоа што нашето тестирање е многу подобро од тестирањето на која било друга држава во светот. Другите држави се далеку зад нас во однос на тестирањето и затоа имаат далеку помалку случаи“, напиша Трамп.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе