Пред да биде хоспитализиран, Трамп го прими експерименталниот коктел антитела на компанијата Регенерон, кој покажа ветувачки резултати кога беше тестиран на 275 пациенти. Меѓутоа, терапијата уште не добила дозвола од американската Управа за храна и лекови (ФДА), потсетува Си-ен-ен.
Освен тоа, Трамп ги прими и славните ремдесивир и дексаметазон, кој неодамна беше одобрен за лекување на коронавирусот.
„Претседателот е единствениот пациент на планетата кој ја доби оваа комбинација лекови“, вели д-р Џонатан Рајнер, професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон.
Што се однесува во ремдесивир, клиничките истражувања покажаа дека по пет дена употреба на некои пациенти им носи опоравување. Сепак, Трамп го пуштија од болница по само три дена.
За дескаметазонот, евтин и распространет кортикостероид, се утврди дека може да го намали воспалението, но го ослабува имунитетниот систем и не се препорачува за пациентите со ковид-19 додека се стабилни.
„Некои пациенти кои се опоравуваа од дексаметазонот, сепак умираа еден месец подоцна. Од испитувањата знаеме дека лекот ја намалува смртноста, но и пациентите на кои беше тестиран имаа околу 23 отсто смртност во 28 дена. Единствениот заклучок кој се наметнува е дека лекарите на претседателот мислеле дека е во смртна опасност кога решила да му ја дадат оваа тројна терапија“, вели Рајнер.