Трамп е уверен дека коронавирусот доаѓа од кинеска лабораторија, се заканува со нови казни (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е уверен дека коронавирусот потекнува од кинескатата лабораторија за вирологија, но одби да даде докази, засилувајќи ги со тоа тензиите со Пекинг околу прашањето за потеклото на смртоносната болест.

Трамп не го ублажи одговорот на прашањето дали има докази кои му го дале „високиот степен на увереност“ дека вирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан.

„Да, да, имам. Не можам тоа да ви го кажам. Не ми е дозволено да ви го кажам“, кажа Трамп, одбивајќи да даде подетални информации.

Кинескиот Институт за вирологија во Вухан ги отфрли тврдењата, додека други американски функционери ја намалија веројатноста на тие тврдења. Повеќето експерти веруваат дека вирусот настанал на пазар за диви животни во Вухан и дека се пренел од животните на луѓе.

Републиканскиот претседател во последните недели на пандемијата покажува сѐ поголема фрустрација околу Кина. Пандемијата во САД однесе десетици илјади животи, предизвика успорување на економијата и се заканува на шансите на Трамп повторно да биде избран на изборите во ноември.

Трамп и претходно кажуваше дека неговата администрација се обидува да утврди дали коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан, по медиумските објави дека е можно да е вештачки синтетизиран во кинеската лабораторија.

Тој изјави и дека неговиот тешко постигнат трговски договор со Кина сега е од секундаро значење во споредба со пандемијата на коронавирусот и се закани со нови санкции против Пекинг.

Острата реторика на Трамп против Кина ја одразува неговата растечка фрустрација со Пекинг. Двајца анонимни американски функционери кажа дека се разгледуваат низа опции против Кина, но предупредија дека тие размислувања се во почетна фаза.

„Се расправа за тоа како силно да се погоди Кина и како правилно да се изврши калибрацијата“, кажа еден од изворите.

Вашингтон пост, повикувајќи се на две лица запонзати со интерните разговори, во четвртокот јави дека некои функционери ја предлагаат идејата за откажување на дел од огромниот американски долг кон Кина, како начин да се казни Пекинг поради недостигот на отвореност во врска со пандемијата.

Главниот економски советник на Трамп ги негираше тие тврдења

На прашањето дали ќе разгледа прекинување на плаќањето на американските должнички обврски како начин за казнување на Пекинг, Трамп кажа дека тој тоа може и поинаку да го направи.

„Па, јас тоа можам поинаку да го направам. Можам да го направам истот нешто, но дури и за повеќе пари, со воведување царини. Значи, не морам да го направам тоа“, кажа Трамп.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе