Републиканскиот претседател им кажа на новинарите пред заминувањето за Флорида дека кампањата има на располагање двојно или тројно повеќе пари отколку во 2016, но дека тој ќе даде уште колку и да биде потребно.
„Ќе финансирам, ако треба“, кажа Трамп.
Њујорк тајмс пишува дека Трамповата финансиска надмоќ над Бајден, која ја имаше на почетокот на годината, се стопила и дека од 1,1 милијарда долари, кои неговиот штаб партијата ги собраа од почетокот на 2019 до јули, повеќе од 800 милиони се потрошени.
Менаџерот на кампањата на Трамп Бил Степиен, кој ја презема функцијата од Бред Парскејл кон средината на јули, им кажа на новинарите вчера дека „внимателно го следи буџетот“.
Степиен кажа дека кампањата ќе располага со повеќе пари отколку на претходните претседателски избори.
Додаде дека штабот е „многу комфорен и самоуверен“ околу трошењето на средствата.