„Ако треба, војската ќе го гради ѕидот“

Трамп е подготвен да го заобиколи Конгресот за да го изгради ѕидот на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, ако треба, војската ќе го изгради ѕидот на границата со Мексико, ако не го добие потребниот број гласови во Конгресот.

„Ако демократите не ни дадат доволно гласови за да ја обезбедиме нашата земја, војската ќе ги изгради простанатите делови од ѕидот“, напиша Трамп на Твитер пред состанокот со двајцата демократи од Конгресот.

Ѕидот на границата САД и Мексико според Трамп би требало да го спречи илегалниот влез на Мексиканците на територијата на САД, додека официјални лица од друга страна се противат на планот.

Неколку часа пред состанокот со водечките демократи, Трамп во низа утрински твитови ги пофали потезите на својата администрација чија цел е блокирање на мигрантите на границата со Мексико. Трамп истакна дека напорите да се спречи караванот мигранти на патот кон САД биле успешни, и најави дека „ѕидот ќе биде изграден“.

Американскиот претседател финансирањето на пограничниот ѕид, како негово предизборно ветување го прогласи за најважно прашање во рамки на постигнувањето договор во Конгресот за федералните трошоци пред да истече двонеделниот рок за привремено финансирање на федералната влада на 21 декември. Трамп бара од Конгресот да одобри 5 милијарди долари за изградбата на ѕидот.

Лидерите на демократите во Конгресот, Чак Шумер и Ненси Пелоси - кои претходно изградбата на ѕидот ја прогласија за „неморална“ - за време на денешниот состанокот треба на Трамп да му понудат „само“ 1,3 милијарди долари за погранична безбедност, изјави неименуван висок претставник на демократите.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе