Трамп до војската на Венецуела: Ако продолжите да го поддржувате Мадуро сѐ ќе изгубите

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешен говор ќе им порача на воените лидери на Венецуела дека треба „да дејствуваат кон демократија“ или ризикуваат да изгубат сѐ што имаат.

„Соединетите Држави знаат каде воените команданти и нивните семејства ги кријат парите по светот“, откри Белата куќа во најава на обраќањето на Трамп.

Белата куќа ги објави клучните точки од говорот кој американскиот претседател ќе го одржи денес во Мајами. Трамп ќе каже дека војската на Венецуела треба да овозможи влез на хуманитарната помош во државата.

Тој на меѓународниот универзитет на Флорида ќе му изрази силна поддршка на претседателот на Националното собрание Хуан Гуаидо, кого САД го признаваат како легитимен претседател на Венецуела.

Белата куќа објави и дека актуелниот пат на Венецуела кон демократијата е неповратен и дека „воените лидери имаат јасен избор – да дејствуваат кон демократијата за нивната и иднината на нивните семејства, или да изгубат сѐ што имаат“.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, од кого Вашингтон бара да отстапи од функцијата, одбива да овозможи пристап на хуманитарната помош која се трупа во Кукута, колумбискиот град на границата на двете земји.

Гуаидо најави дека планира да ја внесе хуманитарната помош од Колумбија, Бразил и Куракао, и покрај противењето на Мадуро.

„Воените и безбедносните сили треба да го послушаат претседателот Гуаидо и да овозможат пристап за хуманитарната помош“, ќе порача Трамп.

Тој ќе додаде и дека Венецуела не смее да биде „марионетска држава“ како Куба и дека мирната транзиција во демократија во Каракас ќе помогне во јакнењето на демократијата и во Никарагва и на Куба.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе