Според Мајк Пенс

Трамп денеска ќе го признае суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина (ВИДЕО)

САД денеска ќе го признаат суверенитетот на Израел врз окупираната Голанска висорамнина, изјави заменик-претседателот Мајк Пенс на вториот ден од годишната конференција на АИПАК во Вашингтон.

„Денеска, првпат во последниве 52 години, со премиерот Нетанјаху крај себе, претседателот на Соединетите Држави формално ќе го признае суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина“.

Израел окупираше голем дел од Голан, сириска територија, во војната во 1967 и го припои. Тој потег не е меѓународно признаен. Нетанјаху, кој тоа прашање го отвори на својот прв состанок во Белата куќа со Трамп во февруари 2017, му се заблагодари на Трамп за најавата за признавање.

Европската Унија потоа истакна дека нема да го признае израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина.

„Европската Унија, во согласност со меѓународното право, не го признава израелскиот суверенитет над територијата која Израел ја окупираше во јуни 1967, вклучувајќи ја Голанската висорамнина, и не ја смета за дел од израелската територија“, рече портпаролката на ЕУ коментирајќи ја изјавата на Трамп.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе