Трамп демантираше дека воените вежби со Јужна Кореја ги откажал поради Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека откажувањето на големите воени вежби со јужнокорејската војска не е отстапка за севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, со кого минатата недела се состана во Виетнам.

„Воените вежби не ги ни споменавме на средбата со Ким Џонг Ун“, напиша Трамп на Твитер.

„Тоа го решив многу порано бидејќи овие 'воени игри' се премногу скапи за САД", додаде Трамп.

САД и Јужна Кореја во неделата, три дена по самитот кој заврши без постигнување на договор, објавија дека се откажуваат од годишните воени вежби кои редовно ја лутеа Северна Кореја.

Овие вежби ќе бидат заменети со помали маневри, со цел да се задржи солидната воена подготовка на силите на Јужна Кореја, преку соопштение наведе јужнокорејското министерство за одбрана.

Речиси 30.000 американски војници се распоредени во Јужна Кореја. Големите воени вежби кои редовно се спроведуваа со силите на Јужна Кореја ја иритираа Северна Кореја.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе