Трамп: Да ги слушав целосно научниците, сега ќе имавме огромна рецесија (ВИДЕО)

Бројот на нови случаи на зараза со ковид-19 забрзано расте во САД и се зголемува бројот на хоспитализираните, предупредуваат експертите, а управувањето со кризата предизвикана од пандемијата останува во фокусот на кампањата за претседателските избори, јавува Би-би-си.

EPA-EFE

Во петокот беа регистрирани речиси 70.000 нови случаи на зараза, најмногу во еден ден од јули.

Во текот на минатата недела дневниот број на новозаразени се зголемуваше во 48 сојузни држави.

Само две држави, Мисури и Вермонт, бележат намалување на дневниот број заразени.

И покрај трендот на зголемување на бројот на новозаразените и фактот што и самиот заболе од коронавирусот претходно месецов, американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму патува низ земјата и одржува големи предизборни митинзи воочи изборите на 3 ноември.

На собир во Невада неделава, одржан на отворено, кажа дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден „ќе ја жртвува иднината на Америка на вирусот“.

„Тој тип сака затворање. Тој ќе ги слуша научниците“, кажа Трамп. „Да ги слушав јас целосно научниците, сега ќе имавме земја во голема рецесија“.

Голем број поддржувачи на Трамп на собирите не носат маски и не држат физичка дистанца, а локалните здравствени функционери предупредуваат дека не треба да се организираат големи собири.

Портпаролот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден ги нарече изјавите на Трамп „дијаметрално спротивни од реалноста“ и за рецесијата го обвини актуелниот претседател.

Трамп во понеделникот кажа дека ќе се тестира за коронавирусот пред следната претседателска дебата со Бајден која се одржува неделава.

„Нормално, нема да има никаков проблем со тоа“, им кажа Трамп на новинарите на прашањето дали ќе се тестира пред дебатата во четврток во Нешвил.

Трамп на 2 октомври објави дека е позитивен на коронавирусот и ден подоцна беше сместен во воената болница Волтер Рид од која излезе по неколку дена.

Не е познато кога последен пат имал негативен тест за коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе