Во интервју за Фокс њуз

Трамп: Црногорците, или Албанците, може да станат многу агресивни и ете ви трета светска војна (ВИДЕО)

Претседателот Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од одредбата на НАТО што бара САД да помогнат во одбраната на другите земји-членки, вклучувајќи ја и „малата земја“ Црна Гора, или пак Албанија.

Доналд Трамп ја доведе во прашање обврската на Соединетите Американски Држави да ги бранат НАТО-сојузниците како што е „малата“ Црна Гора, „или, да кажеме, Албанија“, во интервју што беше емитувано во вторникот на Фокс њуз.

Водителот на Фокс њуз Такер Карлсон истакна дека членството во НАТО ги обврзува државите да ги бранат сите други членки што се нападнати.

„Да речеме дека Црна Гора, која се приклучи минатата година, е нападната. Зошто мојот син да оди во Црна Гора за да ја брани од напад? Или сеедно, една Албанија“, праша Карлсон.

Трамп одговори со сомнеж во овој клучен столб на западниот воен сојуз.

„Те разбирам што зборуваш. Јас го поставив истото прашање“, рече Трамп.

„Знаеш, Црна Гора е мала земја со многу силни луѓе... тие можат да станат агресивни, и честито, сте почнале трета светска војна“, додаде тој.

Членот 5 од Атлантскиот договор бара од сите членки да помогнат во одбраната на земјите-членки што се нападнати.

Единствениот пат кога членот 5 бил активиран досега беше кога државите на НАТО ѝ се приклучија на американската војска во Авганистан како одговор на нападите од 11 септември.

Трамп го даде интервјуто на Фокс њуз на крајот од европската турнеја, во која тој беше критикуван поради тоа што лесно го прифати инсистирањето на рускиот претседател Владимир Путин дека Москва не се мешала во американските избори во 2016 година.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе