Трамп: Целта на оваа левичарска културна револуција е соборување на Американската револуција (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги нападна „лутите толпи" кои се обидоа да ги срушат спомениците на лидерите на Конфедерацијата и на други историски личности, предупредувајќи ги илјадниците следбеници на планината Рашмор дека демонстрантите се обидуваат да ја избришат американската историја.

Фото: ЕПА

На денот кога во седум американски држави е забележан рекорден број на нови случаи на ковид-19 пандемијата влезе во внатрешниот круг на Трамп. Кимберли Гилфојл, висок функционер во предизборната кампања и девојката на неговиот син Доналд Трамп Џуниор, се позитивни на тестот во Јужна Дакота пред говорот на Трамп, според официјален претставник на кампањата Серхио Гора. Трамп Џуниор е тестиран и е негативен на вирусот.

На собирот, околу 7.500 луѓе биле собрани во амфитеатарот и многумина не носеле маски пркосејќи им на здравствените службеници, кои ги повикале Американците да избегнуваат масовни собири за да го забават ширењето на ковид-19.

Говорејќи под планината на која се врежани ликовите на четворицата американски претседатели, Трамп предупреди дека протестите против расна нееднаквост во американското општество ги загрозуваат темелите на американскиот политички систем.

„Не се залажувајте, целта на оваа левичарска културна револуција е да се собори Американската револуција“, рече Трамп.

„Нашите деца во училиштата ги учат да ја мразат својата земја“, додаде тој.

Трамп најави дека ќе основа „Национална градина на американските херои“, која ја опиша како голем парк со статуи на „најголемите Американци“, но не откри други детали.

За време на протестите ширум земјата кои следеа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задушен од полицаец белец во Минеаполис, во неколку градови се демолирани статуите на конфедерациските генерали, кои воделе востание против американската влада за време на граѓанската војна од 1861-1865 година.

Демонстрантите исто така неуспешно се обиделе да ја урнат статуата на претседателот Ендрју Џексон пред Белата куќа. Џексон, познат по популистичките одлуки, бил сопственик на робови и прогонил илјадници Индијци од нивните домови.

„Бесните толпи се обидуваат да ги срушат статуите на нашите творци, да ги осквернат нашите најсвети споменици и да започнат бран на насилство во нашите градови“, рече тој.

Собирот не бил предизборен, но Трамп ги спомена сите важни теми од предизборната кампања во обид да ја мобилизира својата изборна база пред претседателските избори на 3 ноември, на кои тој бара втор мандат.

„Постои ултралевичарски фашизам кој бара безусловна лојалност. Ако не зборувате на тој јазик, ако не ги спроведувате неговите ритуали, не ги повторувате неговите фрази и не ги следете заповедите, тогаш ќе бидете цензурирани, прогонети, ставени на црна листа, прогонети и казнети. Тоа нема да ни се случи на нас“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе