Трамп цел ден на Твитер тврди дека магично му исчезнуваат гласови

На сѐ уште недоброени гласови на американските претседателски избори, сегашниот претседател Доналд Трамп веќе го оспорува изборниот резултат.

Фото: ЕПА

Во своето денешно обраќање до нацијата, Трамп зборуваше за измами и дека поради нив ќе се обрати до Врховниот суд за да го запре гласањето.

„Спремни сме да победиме на изборите, искрено ние и победивме на изборите“, изјави тој. Американскиот претседател, без да презентира докази, рече дека изборите биле мамење на американската јавност.

„Една тажна група луѓе се обидуваат да ги дискредитираат резултатите“, рече тој, додавајќи дека треба да се подготват за голема прослава.

По говорот во кој прогласи победа, се огласи и на Твитер.

„Синоќа водев, честопати солидно, во голем број клучни држави, во скоро сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, една по една, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачките гласови по пошта. МНОГУ ЧУДНО, а анкетарите сè сфатија комплетно и историски погрешно“, рече тој.

Твитер веднаш му прикачи забелешка дека твитот е неточен и дека доведува во заблуда за изборите.

Набргу потоа, тој објави уште еден твит.

„Како тоа секогаш кога ќе ги избројат гласовите стигнати по пошта, тие се толку деструктивни во процентот и моќта на уништување?“, додаде тој.

По овој твит, Трамп објави уште еден, во кој всушност сподели објава од човек што повикува резултатите да се решат во Врховниот суд, бидејќи наводно на Бајден во последните најнови резултати му биле додадени 100% од гласовите за Трамп.

Твитер веднаш го обележа и овој твит како заблудувачки.

Но Трамп не застана тука. Тој се јави неколку часа подоцна и рече дека се обидуваат да му исчезне предноста во Пенсилванија.

„Многу се трудат да ми исчезне предноста од 500.000 гласови во Пенсилванија - што е можно побрзо. Исто така во Мичиген и на други места“, напиша тој.

Твитер стави предупредување и на оваа објава.

Но тој не застана ни тука, па рече дека отсекаде се појавуваат гласови за Бајден.

„Насекаде наоѓаат гласови за Бајден, во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген. Тоа е многу лошо за нашата земја“, напиша тој.

Подоцна, околу 20 часот, Трамп повторно се огласи на Твитер.

„Наголемо ја освојуваме Пенсилванија, но државниот секретар на Пенсилванија тукушто објави дека треба да се избројат уште милиони гласачки ливчиња“, твитна Трамп и повторно алудираше на неправилности.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе