Трамп: Британците не можеа потопло да ме пречекаат

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека Британците „не можеле потопло да го пречекаат“ и покрај тоа што илјадници луѓе во Лондон протестираа против неговата посета.

Пред Трамп од Британија да полета за Република Ирска на Твитер напиша дека „народот и британското кралско семејство не можеле потопло да го пречекаат“.

„Нашите односи никогаш не биле подобри и се наѕира многу голем трговски договор“, додаде американскиот претседател.

Трамп во Лондон го дочекаа и демонстранти кои во вторникот поставија голем балон со негов облик и робот Трамп кој твита од златен тоалет. На протестот „Заедно против Трамп“ се собраа илјадници луѓе, но сепак, помалку од минатата година, оценува Ројтерс.

Меѓу Британците, Трамп е еден од најпознатите но и најомразени лидери. Само 21 отсто од анкетираните во анкетата на Југов кажале дека имаат позитивно мислење. Што се однесува до жените, нив ги има уште помалку, 14 отсто.

Пристигнувајќи во Даблин, Трамп кажа дека е уверен дека ирската граница „на крајот добро ќе излезе“ откако Британија ќе ја напушти Европската Унија.

„Ирска ќе биде во добра форма“ по брегзитот, им кажа Трамп на новинарите на аеродромот Шенон каде што се сретна со ирскиот премиер Лео Варадкар. „Воопшто не мислам дека границата ќе биде проблем“.

Северна Ирска ќе ја напушти ЕУ заедно со остатокот од Британија, додека Република Ирска ќе остане во Унијата.

Статусот на границата е едно од најчувствителните прашања околу брегзитот. Бројни ирски и британски политичари се загрижени околу тоа како да ја задржат отворена границата на ирскиот остров, особено ако Британија излезе од ЕУ без договор.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе