„Ако ЕУ не им го даде тоа што го сакаат“

Трамп: Британците мора да одбијат да ги платат трошоците, да ги прекинат преговорите и да си отидат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ja искоментира ситуацијата со брегзитот и фактот дека Велика Британија не успева да се договори за напуштање на Европската Унија.

Тој рече дека Велика Британија треба да одбие да ги плати трошоците за брегзитот во износ од 39 милијарди фунти и да ги „напушти“ преговорите за брегзитот ако Брисел не му го даде на Лондон тоа што го сака.

Трамп во интервју за весникот Сандеј Тајмс, во пресрет на државната посета на Велика Британија в понеделник, рече и дека ќе биде следниот британски премиер треба да го испрати Најџел Фараџ, жесток поборник за излегување на Велика Британија од Европската Унија, да ги води преговорите со ЕУ.

Трамп рече дека Британија мора да ја напушти ЕУ оваа година.

„Мора да го сторат тоа“, рече тој. „Мора да ги завршат преговорите“, додаде Трамп.

„Ако не го добиете она што го сакате, јас на нивно место би си отишол. Ако не добиеш фер договор, си одиш“, рече американскиот претседател.

Трамп ја потврди својата поддршка за оние кандидати за британски премиер што рекоа дека Велика Британија мора да ја напушти ЕУ до 31 октомври, без оглед на исходот од преговорите.

Кандидатите што се залагаат за тоа се поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кого Трамп го фалеше во интервју за весникот Сан во петокот, поранешниот министер за брегзит Доминик Рааб и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид.

Трамп, исто така, рече дека конзервативците згрешиле што не го вклучиле Фараџ, лидер на Партијата за брегзит, во преговорите со Брисел по успехот на партијата на европските избори.

„Многу ми се допаѓа Најџел. Тој има многу да понуди, тој е многу паметна личност“, рече Трамп.

„Тие нема да го вклучат, но размислете колку добро ќе им дојдеше ако го стореа тоа. Тоа сè уште го немаат сфатено“, додаде тој.

Американскиот претседател рече дека „ќе треба да се запознае“ лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин, пред да почне да споделува најделикатни американски разузнавачки податоци со радикална левичарска влада.

Обединетото Кралство, САД, Канада, Нов Зеланд и Австралија имаат склучено договор за размена на разузнавачки информации, т.н. договор „Пет очи“.

Трамп ги предупреди британските министри дека мора да бидат внимателни за да не ја компромитираат размената на податоци со дозвола за пристап за кинеската компанија Хуавеи во изградбата на 5Г-инфраструктура.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе