„Не сакам да убијам 10 милиони луѓе“

Трамп: Би можел да победам во војната за 10 дена, Авганистан би бил збришан од лицето на земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да стави крај на дводецениската војна во Авганистан за само 10 дена, но дека би загинале милиони луѓе, а Авганистан би бил „збришан од лицето на земјата".

„Би можел да победам во војната за една недела, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе. Кога би посакал да победам во војната, Авганистан би бил збришан од лицето на земјата... буквално за 10 дена“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа при средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан, од кого сака помош во мировните преговори со талибанците.

„Не сакам да одам по тој пат“, додаде претседателот. „Не сакам да убијам 10 милиони луѓе“.

Наместо тоа, Пакистан ќе помогне САД да се „извлечат“ од долгата војна во Авганистан во која претходните администрации ги заплеткаа, рече Трамп.

Приближувањето до Кан е пресвртница за Трамп, кој бил доста критичен кон Пакистан, а сега се надева дека владата на Кан ќе го искористи влијанието што го има врз талибанците заради напредок на мировниот договор и на тој начин да помогне САД да се повлечат од Авганистан.

„Таму сме веќе 19 години, и делувавме како полицајци, а не како војници“, рече Трамп, додавајќи дека ги повлекува американските трупи од „решението во Авганистан“.

„Ова е најблиску до мировен договор што сме биле досега“, додаде Кан, надевајќи се дека во следните недели авганистанската влада ќе се согласи на директни преговори со талибанците.

Американскиот мировен пратеник Залмај Калилзад со месеци одржува преговори со талибанците. Во јануари постигнаа „принципиелен договор“ за повлекување на странските трупи од Авганистан, но многу прашања останаа сè уште отворени.

„Јасно е дека сите страни сакаат крај на војната“, рече тогаш Калилзад.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе