Трамп: Бев саркастичен во изјавата за инјектирање дезинфициенс, сакав да ја видам реакцијата на новинарите (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно ја вџаши медицинската заедница со последните коментари за лекување од коорнавирусот. Неговите коментари експертите ги нарекоа неодговорни и опасни.

Трамп на дневната прес-конференција за коронавирусот сугерираше дека вбризгувањето дезинфекциско средство како изопропилен алкохол во телото би можел да го убие вирусот, а предложи и зрачење на телата на заболените со УВ-зраци, нешто што го отфрли доктор на самата конференција.

Неколку часа подоцна Трамп објасни што мислел кажувајќи „дека само бил саркастичен“.

„Го поставив тоа прашање во саркастичен тон, за новинарите како вас да видат што ќе се случи“, им кажа тој на насобраните претставници на медиумите во Овалната канцеларија откако го потпиша четвртиот пакет за помош на економијата тежок речиси 500 милијарди долари.

„Поставив саркастично, многу саркастично прашање на новинарите во просторијата, за дезифициенсот и неговата употреба“, кажа Трамп, па додаде:

„Го убива, навистина го убива вирусот на рацете и тоа би можело да ги направи нештата подобри. Тоа што јас го направив беше саркастична форма и прашањето до новинарите“, се обиде да се повлече од кажаното претседателот на САД.

Белата куќа објави дека неговите зборови биле извадени од контекст и им порача на луѓето да не прават ништо без совет од лекари.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе