Вашингтон

Трамп: Баш ми е жал што ЕУ е толку строга кон Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово изрази жал, бидејќи Европската унија е строга кон Велика Британија и брегзит.

Британската премиерка и 27 европски лидери вчера вечер се договорија да го одложат рокот за брегзит до 31 октомври.

„Штета што ЕУ е толку строга кон Велика Британија и брегзитот“, твитна Трамп по усвоениот договор на самитот на Унијата во Брисел.

Американскиот претседател оцени дека ЕУ е „брутален трговски партнер“ на САД, тврдејќи дека и тоа ќе се промени.

САД во вторникот се заканија со воведување нови царини на производи од ЕУ во вредност од 11,2 милијарди долари за да ги надокнадат, како што велат, европските нефер субвенции за европскиот производител на авиони Ербас.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе