Трамп: Бајден националниот триумф го претвори во катастрофа (ВИДЕО)

Бајденовата администрација за само неколку недели го претвори националниот триумф во национална катастрофа, кажа поранешниот американски претседател Доналд Трамп, коментирајќи ја емигрантската криза која ги погодува САД на границата со Мексико.

EPA-EFE

Една од клучните ставки на претседателската кампања на Трамп во 2016 година беше изградбата на ѕидот на границата со Мексико за да бидат сопрени нелегалната емиграција и шверцот на дрога.

Изградбата на ѕидот е сопрена по промената на власта, а сега САД се соочуваат со илјадници нелегални емигранти кои ја преминуваат границата.

Во соопштението на Трамп, кое на Твитер го сподели неговиот поранешен портпарол Шон Спајсер, поранешниот американски претседател ѝ порача на администрацијата на Бајден веднаш да ја продолжи изградбата на ѕидот.

„Горди ѝ ја предадовме на Бајденовата администрација најбезбедната граница во историјата. Сè што требаше да направат беше да продолжат да го одржуваат системот. Меѓутоа, за само неколку недели Бајденовата администрација го претвори националниот триумф во национална катастрофа“, соопшти Трамп.

Поранешниот претседател наведе дека изградбата на ѕидот не требало да биде прекинувана и дека тој може да биде завршен за само неколку недели.

„Единствениот начин да се прекине кризата на границата е Бајден да го признае целосниот неуспех и да ја усвои длабоко ефикасната и докажана политика на Трамп“, се наведува во соопштението.

Тој го критикуваше и секретарот за национална безбедност Алехандро Мајоркас, кој наведе дека за кризата е виновна администрацијата ан Трамп, бидејќи делумно престанала да ја гради инфраструктурата за привремено сместување на нелегалните емигранти.

Трамп подвлече дека би требало да се отвори конгресна истрага за актуелната администрација поради „прикривањето на тоа колку е лоша ситуацијата“. Додаде дека ја смета администрацијата на Бајден за одговорна за „смртта и човечката трагедија“, вклучувајќи го шверцот на дрога и трговијата со луѓе.

„Бесрамната политика на оваа администрација ги овозможува и охрабрува злосторствата против човештвото. Нашата земја се уништува“, заклучи Трамп.

Соединетите Американски Држави се соочени со голем прилив на нелегални емигранти на границата со Мексико, меѓу кои и голем број деца без придружба на возрасни. Додека американските власти ги користат законите донесени во времето на Трамп за да ги депортираат нелегалните емигранти, децата без придружба остануваат во камповите во притвор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе