Трамп: Бајден е ментално нарушен, не знае ни што потпишува

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека не бил изненаден од падот на претседателот на САД Џо Бајден додека се качуваше по скалите на претседателскиот авион и навести дека менталното здравје на Бајден е толку лошо што не знае ни какви документи потпишува.

EPA-EFE

„Ова е полошо од најлошите моменти на Берни Сандерс. Не очекувавме дека вакво нешто е возможно. Ни Берни Сандерс на стероиди не би го потпишал тоа што овој тип (Бајден) го потпишува“, кажа поранешниот американски претседател.

Трамп во интервју за Њузмакс делумно повлече паралели меѓу американскиот претседател и 79-годишниот демократски сенатор Берни Сандерс.

„Нешто се случува. Нешто лудо. Ова што се случува не е нормално и човек се прашува дали ги разбира сите работи што ги потпишува“, истакна поранешниот претседател на САД.

Неговата изјава доаѓа откако портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на крајот на минатата недела инсистираше дека Бајден е 100 отсто во ред по сопнувањето на претседателот, но не сакаше да открие дали претседателот по инцидентот го прегледал лекар.

„Не знам дали сте се качувале по тие скали, понекогаш се малку незгодни“, кажа Псаки, мислејќи на скалите на претседателскиот авион.

Директорката за комуникации на Белата куќа Кејт Бедингфилд изјави дека претседателот Бајден е во ред и дека не барал никакво ангажирање на медицинскиот тим кој патува со него.

Инцидентот меѓу предизвика интерес во јавноста и многумина на социјалните мрежи изразија загриженост за здравјето на 78-годишниот Бајден, кој е најстариот претседател во историјата на САД.

Трамп претходно повеќе пати сугерираше дека нешто се случува со Бајден бидејќи ги меша зборовите и речениците и често заборава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе