Официјална објава

Трамп: Багдади е убиен, цимолеше, плачеше и врескаше (ВИДЕО)

Претседателот Доналд Трамп тукушто соопшти рече дека синоќа САД го извеле „најголемиот светски терористички лидер пред лицето на правдата“. „Абу Бакр ал-Багдади е мртов“, рече тој.

Трамп рече дека Багдади умрел „цимолејќи и плачејќи и врескајќи“ откако се нашол во тунел од кој нема излез.

Тој рече дека 11 малолетни деца биле изнесени од куќата и не се повредени, но дека Багдади со себе зел три од своите мали деца додека се обидел да избега по тунелот. Потоа го активирал експлозивниот елек, убивајќи ги и своите три деца.

Резултатите од ДНК-анализата дале „сигурна и непосредна идентификација“, вели Трамп. „Тоа е тој“.

Трамп рече дека под негова команда САД стопроцентно го „збришаа неговиот калифат“. Тој ги опиша Багдади и неговите приврзаници како губитници.

„Тие немаа идеја во што се впуштаат - во некои случаи тие беа многу исплашени кутриња, а во други случаи беа тврдокорни убијци.“

Багдади беше „болен и расипан човек“, рече Трамп, „и сега го нема“. Тој беше „злобен и насилен и умре на злобен и насилен начин“.

Трамп им се заблагодари на Русија, Турција, Сирија и Ирак и сириските Курди за „извесната поддршка што можеа да ни ја дадат“. Тој им се заблагодари и на „одличните разузнавачки експерти“ и на вооружените сили.

„Умре како куче. Умре како кукавица. Светот сега е многу побезбедно место. Бог да ја благослови Америка.“

Трамп рече дека САД веќе неколку недели го следеле Багдади.

Тој рече дека било опасно САД да летаат преку територијата на други народи, но дека имале соработка од други земји. „Летавме многу, многу ниско и многу брзо“.

„Русија нè третираше одлично... Ирак беше одличен. Навистина имавме голема соработка“, рече американскиот претседател. Трамп рече дека Турција знаела дека „влегуваат“.

„Наидовме на пукотници од огнено оружје, но тоа беа локални пукотници“, рече тој.

Тој рече дека на следбениците на Багдади треба да им се каже како умрел. „Тој не умре како херој, умре како кукавица“, рече Трамп. „Плачеше, цимолеше и врескаше и со себе однесе три деца.“

Операцијата почна пред две недели, рече претседателот.

Тој рече дека многумина од тимот на Багдади се убиени и дека точниот број ќе биде потврден во наредните денови. Трамп рече дека САД не изгубиле персонал во операцијата, и покрај тоа што биле пречекани со „нема да ви се верува колку многу пукање“. Тој додаде дека едно американско куче е повредено.

Трамп рече дека европските нации биле огромно разочарување поради тоа што не ги примиле заробените борци на ИСИС. „Моите луѓе многу ѕвонеа и велеа, земете си ги вашите борци на ИСИС...“, рече тој. Тој ги издвои Франција, Германија и Велика Британија.

Трамп рече дека американските даночни обврзници нема да плаќаат за да ги чуваат борците на ИСИС од други земји.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе